Карло Анчелоти како да нема ден а да не слушне некоја лошат вест во однос на играчкиот кадар. Откако се повредија Дани Карвахал, Винисиус и Едер Милитао во изминатите неколку дена, Дон Карло сметаше дека барем Давид Алаба ќе се врати многу брзо и дека ќе може да смета на неговите услуги. Познато е дека дефанзивецот од Австрија ги скина лигаментите минатата година, и се очекуваше по завршувањето на октомвриската пауза да се врати во тимот.
Сепак најновите вести кои стигнаа до Анчелоти од докторскиот тим на “кралевите“ се повеќе од шокантни, а тие велат дека Алаба ќе мора да го пролонгира враќањето и дека му требаат најмалку уште три месеци рехабилитација.
Јасно е дека ова е голем удар за Реал Мадрид.