logo
logo
logo

Откако разговараше со Ал-Келаифи на “Енфилд“: Ван Дајк прави сензационален трансфер, но не во ПСЖ!

Vecer | 14.03.2025

Откако разговараше со Ал-Келаифи на “Енфилд“: Ван Дајк прави сензационален трансфер, но не во ПСЖ!

Една од летните трансферни “бомби“ секако дека ќе биде онаа на Вирџил ван Дајк. Холандскиот стопер и клучниот играч на Ливерпул по се изгледа дека ќе ја меива средината.

Интересно беше по мечот со ПСЖ, кога пред соблекувалната на гостинската екипа на „Енфилд“ тој беше “фатен“ како разговара со првите луѓе на ПСЖ, Ал – Келаифи и Кампош.

Ако се знае дека тешко дека ќе го продолжи договорот со “Редси“, тогаш каде биде одел Ван Дајк, дали во ПСЖ?

Одговорот на ова прашање е негативен. Како што пренесуваат медиумите на Островот и во Германија, стоперот на своите најблиски им рекол дека најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен. Секако дека со нег одбраната на германскиот гигант ќе биде уште посилна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk