logo
logo
logo

По бурата во Јунајтед: Бекам со јасен и изненадувачки став за потегот на Ретклиф

Vecer | 17.10.2024

По бурата во Јунајтед: Бекам со јасен и изненадувачки став за потегот на Ретклиф

Сер Џим Ретклиф го отпушти поранешниот стручњак, Алекс Фергусон кој беше глобален амбасадор на клубот од моментот кога тој ја напушти тренерската позиција, се со цел да ги регулира трошоците кои се превисоки дури и за Манчестер Јунајтед.

За овој потег не ја доби поддршката од мнозинството, но ја доби – Дејвид Бекам.

Еден од сопствениците на Интер од Мајами смета дека Сер Џим Ретклиф е еден од оние кои би можеле да го вратат Манчестер Јунајтед на местото каде што припаѓа.

„Зборувајќи како навивач на Манчестер Јунајтед, на клубот му требаше промена, нова перспектива. Навистина ми се допаѓа Џим, зборував со него неколку пати во последните неколку години со неколку заеднички пријатели. Мислам дека тој е навивач и очигледно голем бизнисмен, еден од најголемите Сепак, поважно е фановите да видат дека се грижи.

Ми се чини дека навивачите ја изгубија довербата во раководството на клубот пред години. Затоа се надевам дека работите ќе се сменат, но потребно е време. Мислам дека ние навивачите на Манчестер Јунајтед бевме доста трпеливи, но сакаме само да се вратат старите времиња“, изјави Бекам.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk