logo
logo
logo

По страшната трагедија во Кочани: ФФМ ГИ ОДЛОЖИ СИТЕ НАТПРЕВАРИ

Vecer | 16.03.2025

По страшната трагедија во Кочани: ФФМ ГИ ОДЛОЖИ СИТЕ НАТПРЕВАРИ

По страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани, во која има десетици починати лица, ФФМ одлучи да ги одложи сите денешни натпревари.

„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.

Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk