logo
logo
logo

Полувреме: Бајрами со најбрзиот гол во историјата на ЕП, Италија со пресврт до водство! (ВИДЕО)

Vecer | 15.06.2024

Полувреме: Бајрами со најбрзиот гол во историјата на ЕП, Италија со пресврт до водство! (ВИДЕО)

Фантастични први 16 минути од првото полувреме на мечот Италија – Албанија во Дортмунд. Уште во 23 секунда Бајрами стрелаше за водство на Албанците од 0:1, ова е најбрзиот гол во историјата на ЕП и тоа за “експлозија“ на “Сигнал Идуна Парк“.

Сепак Италија многу брзо врати. Прво Бастони во 11.минута израмни, а Барела со фантастичен гол во 16.минута донесе целосен пресврт за 2:1 за составот на селекторот Лучано Спалети.

Па така со тие 2:1 се замина на пауза иако според шансите Италија можеше да има далеку поубедливо водство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk