logo
logo
logo

Поранешниот голман на Ливерпул најави заминување во пензија

Vecer | 02.04.2026

Поранешниот голман на Ливерпул најави заминување во пензија

фото: Simon Mignolet (X)

Поранешниот голман на Ливерпул, Симон Мињоле, ќе се пензионира ова лето и ќе се приклучи со работа во Белгиската фудбалска асоцијација. Тој одигра 204 натпревари за Ливерпул, а потоа замина на голот на Клуб Бриж. Сепак, ова лето тој најави заминување во пензија.

„Плејофот во лигата ќе биде последниот дел од мојата активна фудбалска кариера“, рече Мињоле, на прес-конференција денеска.

„Важно е транспарентно да се комуницира за да нема шпекулации за време на плејофот. Затоа засега не се збогувам емотивно. Сакам повторно да го освојам првенството“, дополнил тој.

Мињоле потврди дека останува во фудбалот, бидејќи по сезоната ќе започне на менаџерска позиција во Белгиската фудбалска асоцијација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk