Агентот на крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд одржал состанок со спортскиот директор на Барселона, Деко, на кој било разговарано за потенцијалниот трансфер на англискиот фудбалер во таборот на Каталонците.
Веста денеска ја објави Фабрицио Романо. Според него, 27-годишниот напаѓач е заинтересиран да се пресели во каталонскиот клуб, но дали Барселона ќе успее да го ангажира зависи од тоа дали дефанзивецот на шпанскиот гигант Ерик Гарсија ќе се пресели во Комо и дали напаѓачот Ансу Фати ќе го напушти тимот.
Опција е и изнајмнување на Рашфорд до крајот на сезоната.