logo
logo
logo

Репрезентацијата на Иран сеуште чека дозвола за влез во САД

Vecer | 05.06.2026

Репрезентацијата на Иран сеуште чека дозвола за влез во САД

Иако има само уште неколку дена до самиот старт на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, еден од учесниците сеуште нема добиено комолетна документација за влез во Америка.

Верувале или не, репрезентацијата на Иран сеуште чека одобрување на визите во американската амбасада во Турција, па од таму да замине за САД.

Ова го потврди претседателот на фудбалската федерација на Иран, Мехди Таж.

„Разговарано е со претставниците на ФИФА по повод нашите американски визи. Ни беше кажано да аплицираме со нашите пасоши во Анкара, Турција, во тамошното конзуларно оделение на САД. Сите пасоши се предадени и чекаме одговор“ – изјави Таж.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk