logo
logo
logo

Ретро дрес од 1911 за прославата на 125. роденден на Ајакс (ВИДЕО)

Vecer | 14.03.2025

Ретро дрес од 1911 за прославата на 125. роденден на Ајакс (ВИДЕО)

Ајакс на 18 март ќе наполни 125 години. Клубот од Амстердам подготви специјален комплет дресови за да го прослави својот роденден.

Ајакс утре ќе го одигра последниот натпревар од 26. коло против АЗ Алкмар, а за таа прилика играчите ќе облечат дрес инспириран од оние во кои „копљаниците“ играа во сезоната 1911/12. Дресот ќе има црвена лента во средината со грбот на градот Амстердам. Шорцевите се бели, а чорапите се црни со бела линија.

Тимот на легендите на Ајакс ќе игра и на Купот Бекенбауер, кој Баерн го организира на 17 март за да го прослави својот 125 роденден. Ајакс најави голема прослава со навивачите на плоштадот Дам во центарот на Амстердам на 18 март.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk