logo
logo
logo

РФМ побара, ЕХФ не дозволи одложување на мечот Словенија-Македонија!

Vecer | 16.03.2025

РФМ побара, ЕХФ не дозволи одложување на мечот Словенија-Македонија!

РФМ побара одложување на натпреварот против Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство по ужасната трагедија во Кочани, меѓуто ЕХФ го одбила барањето.

ЕХФ немаше слух за огромната трагедија која се случи во Македонија, во која животот го загубија најмалку 59 лица, а над 155 се повредени.

„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија е закажан за 18:30 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk