logo
logo
logo

Рим синоќа беше во „урбана герилска војна“, 13 полицајци повредени (ВИДЕО)

Vecer | 14.04.2025

Рим синоќа беше во „урбана герилска војна“, 13 полицајци повредени (ВИДЕО)

Тринаесет полицајци беа повредени во нередите пред и по римското дерби меѓу Лацио и Рома во неделата навечер, па речиси сигурно натпреварите меѓу овие два големи ривали ќе се вратат во дневниот распоред од следната сезона.

Италијанските медиуми судирите на навивачите во Рим ги нарекоа „урбана герилска војна“, откако избувна хаос на улиците кога 500 главно маскирани навивачи на Рома се обидоа да започнат тепачка со навивачите на Лацио во близина на стадионот.

Полицијата успеала да спречи директен судир меѓу навивачки групи, но наместо тоа била бомбардирана со разни предмети. Тогаш полициските сили мораа да одбијат напад на навивачите на Лацио со употреба на водени топови и солзавец, а во нередите што следеа беа оштетени бројни автомобили паркирани во зоната на конфликтот.

Сезонава римските дерби се вратија во вечерниот распоред по пет години играње преку ден, но откако во градот избија нереди пред и по двата меча, речиси е извесно дека натпреварите ќе се вратат во дневниот распоред од следната сезона.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk