logo
logo
logo

Сабота за паметење: Борусија и Лајпциг понудија спектакл

Vecer | 09.12.2023

Сабота за паметење: Борусија и Лајпциг понудија спектакл

ФОТО: RB Leipzig Englis

И втората сабота во декември дефинитивно е резервирана за феноменални фудбалски натпревари во Европа, а пристигна нов спектакл од Бундеслигата.

Борусија продолжи да игра топло-ладно и вечерва пропушти шанса да се доближи до врвот на табелата. Милионерите на свој терен го пречекаа РБ Лајпциг во дербито од 14. коло, а гостите славеа со резултат 3:2.

Во 15 минута домашниот фудбалер Мац Хумелс доби директен црвен картон, па од овој момент работите се променија. Гостите поведоа со 0-1 со автоголот на Бенсебаини во 32. минута, а до крајот на првиот дел беше 1-1, Суле стрелаше во шестата минута од судиското надополнување.

По одморот Баумгартнер во 54. минута зголеми на 1-2, додека за 1-3 погоди Поулсен во 91. минута. Конечните 2-3 ги постави Фулкриг во 93. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk