logo
logo
logo

Се појави во јавноста и трагичарот на Тотенхем: Сонот стана кошмар, но ќе се вратам назад

Vecer | 12.03.2026

Се појави во јавноста и трагичарот на Тотенхем: Сонот стана кошмар, но ќе се вратам назад

Како ретко кој, голманот на Тотенхем, Антонин Кински имаше кошмарен меч против Атлетико Мадрид во рамките од осминафиналето од Лигата на Шампионите. Кински прими три гола во само дваесетина минути од кој директен виновник беше за два, правејќи огромни грешки, по што менаџерот Игор Тудор го замени.

Хоророт на Кински го просведочи целиот свет, а тој откако очигледно се смири, и ја преброди почетната криза се јави преку социјалните мрежи.

„Ви благодарам за пораките. Од сон во кошмар и назад во сон. Се гледаме наскоро“,напиша чешкиот репрезентативец на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk