logo
logo
logo

Штом Шешко потпише за Манчестер Ј., Милан тргнува по Хојлунд

Vecer | 07.08.2025

Штом Шешко потпише за Манчестер Ј., Милан тргнува по Хојлунд

Ако Манчестер Ј. го затвори трансферот на Шешко, Данецот Расмус Хојлунд ќе го напушти „Олд Трафорд“. Последните информации од Англија велат дека иако Данецот изјави дека ќе остане во Манчестер Јунајтед и ќе се бори за своето место, сепак, доаѓањето на Шешко сериозно ќе ја смени ситуацијата, затоа што „црвените ѓаволи“ ова лето донесоа веќе две нови офанзивни засилувања.

Неколку клубови од Серија А се споменуваат како можни интересенти за Хојлунд, а сега станува јасно дека најзаинтересиран за него е Милан.

Новинарот Џанлука Ди Марцио пишува дека Милан ја следи ситуацијата на Хојлунд и би можел да излезе со понуда за негова позајмица. На ваква опција би бил сигурно подготвен и Јунајтед.

22-годишниот Хојлунд има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2028 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk