logo
logo
logo

Тен Хаг на излезната врата, Јунајтед почнал преговори со новиот менаџер

Vecer | 02.03.2024

Тен Хаг на излезната врата, Јунајтед почнал преговори со новиот менаџер

Ерик тен Хег наскоро би можел да добие отказ од менаџерската функција на Манчестер Јунајтед. Притисокот врз холандскиот стручњак е огромен, а прв кандидат за негов наследник е поранешниот шеф на Брајтон и Челзи, Греам Потер.

Во изминатиот период бројни имиња се поврзуваа со клупата на англискиот великан. Зинедин Зидан, Роберто Де Зерби, но изненадувачко име може да ги преземе „црвените ѓаволи“.

Според медиумите во Англија, 48-годишниот Потер е првиот кандидат за нов менаџер на Јунајтед. Станува збор за поранешниот тренер на Брајтон и Челзи. Тој направи феноменална работа со Брајтон од 2019 до 2022 година. Ова го препорача во Челзи, каде што го замени Томас Тухел во септември 2022 година.

Сепак, тие немаа премногу трпение за овој специјалист на Стемфорд Бриџ. Тој издржа само до април следната година по само 31 натпревар на клупата.

Ништо не се сменило и по неговото заминување. Челзи изгледаше очајно од година во година, а Потер зема огромна плата и уживаше во слободата претходната година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk