logo
logo
logo

Трајковски не беше во составот на Хајдук, Гатузо го израдува „Пољуд“, Зеко Рамадан го одмазди Тиквеш!

Vecer | 25.07.2024

Трајковски не беше во составот на Хајдук, Гатузо го израдува „Пољуд“,  Зеко Рамадан го одмазди Тиквеш!

Вечерва се одиграа повеќе натпревари од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа и во Лигата на Конференции.

Интересно беше во Амстердам каде Војводина се до 86.минута имаше сензационални 0:0, но тогаш Ван де Бомен постигна гол и му донесена победа на холандскиот гигант.

Хајдук на “Пољуд“, во меч на кој официјалното деби го имаше Џенарио Гатузо на клупата на “билите“ од Сплит, успеа да го победи Торшавн од Ф. Острови. Македонецот Александар Трајковски поради повреда не беше во составот на Хајдук и тоа поради повреда.

На Исланд тимот на косовска Дрита, каде што тренер е нашиот стратег Зекирија Рамадан со 1:2 успеа да слави на гости кај Бреидаблик и речиси да обезбеди пласман во третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции. За Дрита настапија и Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји.

Ова значи дека Зеко го одмазди Тиквеш, ако се знае дека во првото коли исланѓаните го елиминираа нашиот претставник.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk