logo
logo
logo

Ц. Звезда го продаде Дуарте во бразилски Васко де Гама за 1,5 милион евра

Vecer | 26.08.2026

Ц. Звезда го продаде Дуарте во бразилски Васко де Гама за 1,5 милион евра

фото: Pedro Cobalea @pedrocobalea_ (X)

Бруно Дуарте ја напушта Црвена Звезда. Васко де Гама ќе биде новиот клуб на досегашниот фудбалер на белградските „црвено-бели“. Тој ќе потпише договор со Дуарте, а наскоро се очекува и официјално соопштение.

Трансферот сега е обезбеден, а се чека дефинитивна потврда во врска со износот на отштета. Таа нема да биде помала од 1,5 милион евра.

Црвена Звезда бараше откупната цена да биде по цената по која беше купен од португалскиот клуб Фарензе пред две години. Дуарте одигра 98 официјални натпревари за Црвена Звезда, постигнувајќи 42 гола и запишувајќи 14 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk