logo
logo
logo

Утрото по спектакло за Ханси Флик пристигна најлошата можна вест

Vecer | 01.05.2025

Утрото по спектакло за Ханси Флик пристигна најлошата можна вест

Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Жил Кунде не пропуштил натпревар за Барселона и француската репрезентација повеќе од една година, но дефанзивецот се повреди синоќа во текот на првото полувреме од натпреварот против Интер, а Ханси Флик доби лоши вести утрово.

Покрај фактот дека Барса не победи, лошата вест е дека Жил Кунде, кој е „недопирлив“ повеќе од една година, не пропуштил натпревар од октомври 2023 година поради повреда.

Повеќе од година и пол, Кунде ги играше сите натпревари за Барселона и француската репрезентација, но таа серија за жал беше прекината.

Кунде се пожали на повреда на крајот од првото полувреме и покажа дека не може да продолжи, поради што Флик го внесе Ерик Гарсија на негово место.

Веднаш беше јасно дека ситуацијата е посериозна, а ниту првичните информации од Барселона не беа најдобри. Кунде има истегнување на тетивата и како што стојат работите, дефинитивно нема да игра во реваншот против Интер, што е огромен удар за Флик.

Покрај тоа, Кунде сигурно ќе го пропушти саботниот натпревар на гости против Ваљадолид, каде Барса нема право да погреши во борбата за титулата во шпанското првенство.

Како што стојат работите, тешко е да се очекува дека Кунде ќе биде подготвен за новото Ел Класико против Реал Мадрид, кое ќе се игра на 11 мај.

Со оглед на тоа дека тој е ненадминливиот играч со најмногу одиграни минути во Барселона, јасно е дека неговото отсуство ќе биде голем удар, а Флик ќе мора да експериментира кога е во прашање позицијата десен бек.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk