logo
logo
logo

Ван Перси во четвртиот меч му го приреди на својот клуб најголемиот срам во историјата

Vecer | 16.09.2024

Ван Перси во четвртиот меч му го приреди на својот клуб најголемиот срам во историјата

Фото: Твитер/Херенвен

Некогашниот напаѓач на Арсенал, Робин ван Перси ја почна тренерската кариера во својата татковина, а од оваа сезона почна да работи самостојно како тренер на Херенвен. Тој претходно собираше искуство работејќи како тренер на напаѓачите на Феенорд, а од оваа сезона ја прифати понудата на Херенвен.

По првите четири кола запиша една победа, реми и два порази, а овој последниот е историски за клубот во Ердивизијата затоа што загуби со 9:1 од АЗ Алкмар.
До 23 минута резултатот беше 1:1, а потоа започна потоп на Херенвен кој ни Ван Перси не можеше да го спречи. 2:1 на полувреме за АЗ, а на крајот дури 9:1.

Не сме вознемирени. Зборував со играчите и ќе продолжиме да работиме. Веруваме во себе“, рече Ван Перси.

Знам како ова функционира. Еднаш изгуби со 8:2 против Јунајтед. Не беше забавно, но тоа е дел од фудбалската кариера. Ова е пат на обиди и грешки. Фудбалскиот свет знае да биде тежок… Лесно е да се биде среќен и да се пуштаат песни кога победуваш, но мораш да знаеш да се носиш и со овие работи“, додаде некогашниот ас на Арсенал, Барселона, Феенорд, Манчестер Јунајтед и Фенербахче.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk