logo
logo
logo

„Вечното дерби“ меѓу Ц. Звезда и Партизан ќе се игра во понеделник

Vecer | 06.09.2024

„Вечното дерби“ меѓу Ц. Звезда и Партизан ќе се игра во понеделник

Вечното дерби меѓу лутите белградски и екс-ју ривали Црвена звезда и Партизан, кое требаше да се одигра викендот на 21 или 22 септември, сепак ќе се одигра во понеделник на 23 септрмври.

Веста ја објави весникот „Спортски Журнал“. Средбата од 9. коло од Супер лигата е одложена поради учеството на Црвена звезда во групната фаза од Лигата на шампионите.

Натпреварот на „Маракана“ против Бенфика е закажан за четврток на 19 септември од 18 часот и 45 минути, па од таа причина, големото белградско дерби е поместено за еден ден, за „црвено-белите“ да имаат предвидени 72 часа меѓу двата натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk