Барселона доби дозвола да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната во Ла Лига.
Врховниот совет на спортови (ЦСД) му дозволи на каталонскиот клуб привремено да ги регистрира овие играчи за вториот дел од сезоната. Конечната одлука ќе биде донесена во рок од три месеци. Горенаведеното тело го разгледува барањето на Каталонците кое се состои од 52 страници и 60 документи.
Олмо и Виктор ќе можат да играат уште викендов во завршницата на суперкупот на Шпанија.