logo
logo
logo

Жижовиќ: Рапид заслужено не елиминираше, но оваа наша Европска приказна не смее да заврши

Vecer | 14.03.2025

Жижовиќ: Рапид заслужено не елиминираше, но оваа наша Европска приказна не смее да заврши

Тимот на Борац Бања Лука за кој настапуваат нашите Бобан Николов, Дамјан Шишковски, и колумбиоцеот со пасош на Македонија, Себастиан Херера, синоќа одигра херојски 120 минути среде Виена каде што со 2:1 беше елиминиран од екипата на Рапид. На тој начин тимот од Босна ги заврши настапите во годинешната Конференциска лига, дефинитивно опишани како најголем успех во изминатите неколку децении на интернационална сцена.

Тренерот Младен Жижовиќ кој неодамна беше тренер на нашиот Шкупи имаше само зборови на пофалба и за противникот но и за неговиот состав.

„Испаднавме заслужено. Рапид беше подобар. Имаше десетина шанси, можеше и порано да даде гол. Ние одигравме фантастично од друга страна. Се боревме 120 минути. Го притиснавме противникот во второто продолжение. Слушнав дека Рапид има петнаесет пати поголем буџет од нашиот. Имавме и среќа, но среќата ги следи храбрите. Оваа наша приказна мора да има продолжение. Ретко кој е свесен што направивме во Европа сезонава“ – рече Жижовиќ по историската вечер на Борац во Виена.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk