Француската легенда Зинедин Зидан ги сподели своите впечатоци од соработката со освојувачите на „Златната топка“ Лука Модриќ и Карим Бензема. Тој вели дека го полудувале на начинот на кој ја контролирале топката.
“Играчите кои буквално ме натераа да скокнам од клупата? Карим Бензема и Лука Модриќ. Изгледаше дека ќе ја изгубат топката, но секогаш наоѓаа начин да ја задржат. Ме полудеа – тие беа толку вешти во менувањето на играта”, изјави Зидан за „Sport Bible“.
Под водство на францускиот стручњак, Реал Мадрид за првпат во својата историја освои три последователни титули во Лигата на шампионите. Подоцна и Модриќ и Бензема славеа со „Златната топка“.
Хрватот се уште игра на „Сантијаго Бернабеу“, додека Бензема избра кариерата да ја продолжи во Саудиска Ал-Итихад.