logo
logo
logo

Звезда со пресврт победа во едно од најлошите дербија во историјата

Vecer | 12.04.2025

Звезда со пресврт победа во едно од најлошите дербија во историјата

Пред речиси празни трибини на Рајко Митиќ и во речиси никогаш послаба посета од едвај десетина илјади гледачи, сега веќе актуелниот шампион на Србија, тимот на Црвена Звезда слевеше во вечното дерби против Партизан со конечни 2:1.

Јавноста кај нашиот северен сосед е вџашена што трибините на овој легендарен стадион денеска останаа да зјаат празни и покрај прекрасното време во Белград, и реално мечот кој немаше ама апсолутно никаков резултатски императив. Звезда одамна е прва, и шампион од минатото коло од огромна предност пред Партизан кој е втор но со исто така огромна предност пред третопласираниот ОФК Београд.

Партизан поведе преку голот на Калулу, за да Звезда преку Катаи изедначи но голот беше поништен поради офсајд.

Домаќинот чекаше на гол се до 84. минута, кога од пенал погоди Максимовиќ, а потоа по катастрофалната грешка на голманот на Партизан, Јовановиќ, Бруно Дуарте донесе конечка победа за Црвена Звезда.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk