Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека не гледа можност САД да ја напуштат Организацијата на Северноатлантскиот договор, и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп кон сојузникот.
Во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, Руте ги нарече шпекулациите за напуштањето на САД од НАТО „апсурдни“, нагласувајќи дека американскиот нуклеарен штит останува клучен гарант за европската безбедност.
„Не гледам можност САД да го напуштат НАТО“, изјави Руте за „Велт ам Зонтаг“. Нуклеарната заштита на САД за Европа исто така не е доведена во прашање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата