На 1 февруари 2020 година, населението на Европската Унија броело околу 447 милиони луѓе (5,8% од светската популација). Во 2015 година, во ЕУ со 28 членки се родени 5,1 милиони деца, што одговара на стапка на наталитет од 10 на 1.000, 8 раѓања под светскиот просек.
За споредба, стапката на наталитет во ЕУ-28 била 10,6 во 2000 година, 12,8 во 1985 година и 16,3 во 1970 година. Стапката на раст на населението била позитивна, околу 0,23% во 2016 година.
Во 2010 година, 47,3 милиони луѓе што живеат во ЕУ се родени надвор од нивната земја на раѓање. Ова одговара на 9,4 проценти од вкупното население на ЕУ. Ова покажува дека се родени од доселеници, родители родени во други држави, надвор од ЕУ.
Од нив, 31,4 милиони (6,3 проценти) се родени надвор од ЕУ, а 16,0 милиони (3,2 проценти) се родени во друга земја-членка на ЕУ.
Најголемиот апсолутен број на луѓе родени надвор од ЕУ биле во Германија (6,4 милиони), Франција (5,1 милиони), Обединетото Кралство (4,7 милиони), Шпанија (4,1 милиони), Италија (3,2 милиони) и Холандија (1,4 милиони). Во 2017 година, околу 825.000 луѓе добиле државјанство на земја-членка на Европската Унија.
Најголемите групи биле граѓани на Мароко, Албанија, Индија, Турција и Пакистан. 2,4 милиони имигранти од земји кои не се членки на ЕУ влегле во ЕУ во 2017 година.
Од статистичките податоци и вкрстување со број на мигранти надвор од ЕУ кои се доселиле во Унијата, произлегува дека раст на наталитет има претежно - кај мигрантите доселеници!
Најголемото доселување во ЕУ особено се бележи во 2015-та, процес именуван како “Мигрантска криза“ што е последица на војните на Блискиот исток во коу ЕУ имаше свое учество:

Со миграцијата, доселувањето, за само 10-15 години во многу европски држави се менува и етничката и верска карта, што подразбира и промени во културата на живеење. 5%–10% муслимани веќе живеат во Шведска, Австрија, Белгија, Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Обединето Кралство... Ова се податоци за легално пријавени мигранти и оние кои добиле постојан престој или државјанство. Во оваа бројка не се вклучени бегалци, луѓе кои чекаат решение за азил и илегално вселени.
Според Европската комисија/Еуростат - во ЕУ, од 1 јануари 2024 година, имало 44,7 милиони луѓе (9,9% од вкупното население) кои се родени надвор од ЕУ. Оваа група ги вклучува и граѓаните на ЕУ (кои можеби стекнале државјанство преку натурализација) и граѓаните кои не се од ЕУ со постојан престој или други форми на законски престој.
Според Еуростат, во 2023 година, 4,3 милиони луѓе мигрирале во ЕУ од земји надвор од ЕУ. Оваа бројка не ги вклучува барателите на азил и/или бегалците од Украина под привремена заштита за некои земји. Дополнително, 1,5 милиони луѓе мигрирале меѓу земјите од ЕУ. Во споредба со 2022 година, бројот на луѓе кои имигрирале во ЕУ се намалил за 17,9%, во споредба со 5,3 милиони.
“Чисти Европјани“ има се помалку, доселеници се повеќе

Зборувајќи пред група студенти на Колеџот на Европа во Бриж , еврокомесарот Џозеф Борел во октомври 2020 година рече:
“Европската Унија е „градина“ која ја има најдобрата комбинација од „политичка слобода, економски просперитет и социјална кохезија“ што некогаш му е позната на човештвото - и мора да биде заштитена од надворешната „џунгла“.„Остатокот од светот... не е баш градина. Поголемиот дел од остатокот од светот е џунгла, а џунглата би можела да ја нападне градината.“
Во поголем дел од светот оваа изјава на евркмесарот Борел се оцени како евроцентрична и расистича. Борел на тоа одговори со повторување на изјавата.
По неколкудневните растечки меѓународни реакции, Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на Европската Унија, се извини за своите контроверзни забелешки во кои ја опиша Европа како идилична „градина“ на просперитет, а остатокот од светот како претежно „џунгла“.
„Некои погрешно ја протолкуваа метафората како „колонијален евроцентризам“, напиша Борел во блог пост. „Жал ми е ако некои се чувствувале навредено“. И толку, тезата за „чиста, уредена и доминантна Европа над другите во Светот остана како белег на неговата политика и политички и идеолошки поглед кој никогаш не беше демантиран од ЕУ, ниту ЕУ се огради од Борел.
Европската мрежа против расизам ENAR го критикува неповикувањето на извинувањето од страна на шефот за надворешна политика на ЕУ и жали за неможноста на службеникот да размисли за штетните последици од издавањето изјави полни со евроцентрични метафори.
ENAR конкретно ја изразува својата загриженост во опишувањето на Европа како градина и во освртувањето на остатокот од светот како џунгла. Аналогијата не ја зема предвид колонијалната историја на Европа и сегашните неоколонијални политики кои продолжуваат негативно да влијаат врз многу региони во рамките на Глобалниот Југ денес, објави ЕНАР.
Ал Џезаира, во посебен коментар, ставот на Борел го оцени како “расизам“.
Тезата за доминантна и “чиста“ Европа на Борел, која треба да се брани од “лошите“ од џунглата паѓа во вода. Европјаните кои иако се побогати од “џунглата“ се држат до егоизмот и комодитетот и раѓаат се помлаку деца, бројот на доселеници се качува на 5 милиони луѓе годишно (бројка само за легалните, без азиланти, бегалци и илегално доселени), а нивниот наталитет е драстично поголем од оној на “чистите европјани од градината':

Во 2023 година, во ЕУ се родени 3,67 милиони бебиња, што е намалување од 5,4% во споредба со 3,88 милиони во 2022 година. Ова е најголемиот годишен пад регистриран од 1961 година.
Вкупната стапка на фертилитет во 2023 година изнесувала 1,38 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување од 1,46 во 2022 година.
Оваа информација доаѓа од податоците за фертилноста објавени од Евростат денес. Статијата презентира неколку наоди од подеталната статија „Statistics Explained“ за статистиката на фертилитетот.
Според Еуростат во 2023 година, Бугарија имаше највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ (1,81 живородени деца по жена), по што следуваат Франција (1,66) и Унгарија (1,55).
Спротивно на тоа, најниски стапки на фертилитет се забележани во Малта (1,06 раѓања по жена), Шпанија (1,12) и Литванија (1,18).
Според водечката европска статистичка институција Статиста.еу во 2023 година, Фарските Острови беа европската земја за која се проценува дека има највисока стапка на фертилитет. Малата атлантска островска држава имала стапка на фертилитет од 2,71 деца по жена. Но, Фарските острови не се членка на ЕУ.
Други мали земји како Монако и Гибралтар, исто така, се најдоа на врвот на листата за 2023 година, додека големата земја со највисока стапка на фертилитет беше Франција, со 1,79 деца по жена, држава која е една од трите со најголем прилив на доселеници надвор од ЕУ.
Од друга страна, Андора, Сан Марино и Малта имаа најниски стапки на фертилитет во Европа, а Украина, Шпанија и Италија беа најголемите земји со ниски стапки на фертилитет во таа година, со просек од околу 1,3 деца по жена.
“Нативните“ Германци, родени во Германија, имаат меѓу најниските стапки на новородени деца, помал наталитет и од Македонија. Германците околу 1,35 а Македонија според Еуростат околу 1,47 деца на една жена. Но, бројот на жители на Германија - се зглемува. А се зголемува од доселениците.

Во 2024 година, околу 16,8 милиони луѓе што живеат во Германија, или околу 20% од населението, се имигранти од прва генерација, додека уделот на населението со мигрантско потекло во поширока смисла изнесувал речиси 30%.
Во септември 2024 година, германскиот канцелар Олаф Шолц и кенискиот претседател Вилијам Руто потпишаа договор со кој германскиот пазар на трудот се отвори за до 250.000 квалификувани и полуквалификувани работници мигранти од Кенија. Германската влада веќе потпиша или преговара за миграциски партнерства со Мароко, Нигерија, Индија, Колумбија, Киргистан, Узбекистан, Грузија и Молдавија.

Во 2022 година, во Германија се родени околу 739.000 деца, што е намалување од 5,6% во споредба со просекот за годините 2019-2021, според Статистичкиот сојуз. Ова укажува на континуиран тренд на пониски стапки на наталитет во Германија. Стапката на фертилитет, која го мери просечниот број деца што се очекува да ги има една жена во текот на својот живот, моментално е околу 1,35, значително под нивото на замена од 2,1 потребно за одржување на стабилно население.
Кога почна експлозијата на мигранти? Во 2015 година, Германија доживеа значителен пораст на пристигнувања на мигранти, со регистрирани над еден милион баратели на азил. До 2025 година, бројот на барања за азил во Германија значително се намали. Иако нерегуларната миграција исто така се намали, Германија продолжува да се справува со интеграцијата на постојното мигрантско население и предизвиците поврзани со привлекувањето и задржувањето на квалификувани работници.

Во Германија, само од Сирија, има околу 780.000 легално регистрирани доселеници кои, во најголем дел добија и државјанства по примена на новите либерални закони за германско државјанство во 2025 година. Албанија и Косово се на врвот на европските држави според пад на брјот на население но, тоа се должи на фактот што од Албанија и Косово имаат силна миграција во ЕУ, пред се Германија, а потоа Белгија и Швајцарија.
Според Вашингтон Тајмс: “Главните проблеми на Германија се имиграцијата и исламот. “Трагедијата ја покрена конзервативната канцеларка Ангела Меркел. Во 2015 година, Меркел прими 1,2 милиони бегалци од Сирија. Како што истакна авторот Даглас Мареј во „Чудната смрт на Европа“, континентот извршува самоубиство преку комбинација од неконтролирана имиграција и напуштање на своето јудео-христијанско наследство“ пишува Вашингтон Тајмс.

На крајот на 2024 година, населението на Германија иако со толку низок степен на новородени бебуња изнесуваше нешто помалку од 83,6 милиони, што е зголемување од 121.000 во споредба со претходната година. Ова претставува забавување од 2023 година, кога бројките се зголемија за 338.000.
Џунглата ја освојува градината на Борел. Европа опстојува, и популациски и економски од приливот на магранти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата