logo
logo
logo

ВАКА ПОЧНА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Палење на проруските демонстранти во Одеса

Vecer | 02.05.2026

ВАКА ПОЧНА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Палење на проруските демонстранти во Одеса

Денешната војна во Украина има свој почеток. Во 2014-та година по насилни демонстрации на плоштадот Мајдан во Киев, а и во повеќе градови низ Украина, се судрија полицијата и вооружените демомнстранти. Ширум државата започнаа судири и помеѓу проопозиционите и провладините демонстранти, а проруското анселение застана ан страна на актуечлната власт.

Најголема трагедија се случи во Одеса, каде проруските и провладини демоинстранти насилно беа потиснати во зградата на тамошниот Синдикат и потоа, сосе зградата, во неа живи запалени.

Трагедијата во Одеса на 2 мај 2014 година, во која загинаа 48 лица, се случи по судир меѓу проруските демонстранти и поддржувачите на Мајдан.

За време на немирите, проруските активисти се забарикадираа во Домот на синдикатите, каде што избувна пожар што одзеде поголем дел од нивните животи. Случајот остана едно од најконтроверзните прашања со долготрајни критики за барање истрага која никогаш не се случи.

Немирите започнаа во центарот на градот меѓу две групи, а потоа се преселија во Куликово поле, каде што проруските демонстранти имаа населба со шатори и избегаа кон зградата на Домот на синдикатите.

Пожарот започна откако беа фрлени молотови коктели и експлозив а жртвите починаа од задушување и оган, чад или скокање од зградата.

Според извештаите, 48 лица загинаа, а над 200 беа повредени. Случајот беше обележан со недостаток на транспарентност, а истрагите за одговорноста за смртните случаи не доведоа до целосен судски заклучок, со обвинувања за уништување на докази.

Настаните следеа по протестите на Евромајдан и ги одразуваа длабоките тензии во Украина во текот на таа година и по промена на власта во Киев предизвикаа ангажирање на војската и полцијата против прориуското население во Донбас и други области јужно и источно во Украина. Војната во Украина оттогаш ја гледаме и ден денес. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk