Изрел изјавува дека војната против Иран која ја водат заедно со САД “ќе трае додека треба, и додека не се смени сегашниот режим“.
Со оглед на големината на Иран, воената подготвеност и идеолошката компактност за да се смени режимот потребни се години, а прашање и дали воопшто со војна може да се смени верски режим на власт. Авганистан издржа 10 години по што Американците се повлекоа.
Јавноста во САД, но и умерените во американската власт како потпретседателот Џеј Ди Венс се поборници за брз крај на војната за која сметаа, уште претходно, дека не ни требаше да ја има. Војната им прави проблем со сојузниоците во Арапскиот свет кои се под иранско бомбардирање но, и со остатокот од светот кој во суштина ја плаќа војната со нафта која сега е 50% над претходното ниво од 70 долари за барел.

“Потпретседателот Џ.Д. Венс во голема мера се спротивстави на американската интервенција во странство, но откако претседателот Доналд Трамп одлучи да го нападне Иран, Венс сега се соочува со конфликт помеѓу неговите минати коментари и неговата улога во администрацијата, принудувајќи го да се справи со растечката политичка поделба и нејзиното можно влијание врз неговите потенцијални идни политички амбиции.
Во еден колумна што Венс ја напиша во 2023 година, додека сè уште беше во Сенатот, пред Трамп да го избере за свој потпретседателски кандидат, тој тврдеше дека лидерите во обете партии ги поддржуваат скапите и неуспешни интервенции во Ирак, Авганистан, Либија и Сирија.
Во статијата, насловена како „Најдобрата надворешна политика на Трамп? Нема започнување никакви војни“, Венс го опишува тогашниот кандидат Трамп како првото значајно отстапување од тој интервенционистички консензус. Во неа се тврди дека Трамп не започнал војни во својот прв мандат, и покрај притисокот да го стори тоа, и тоа била дел од причината зошто Венс го поддржал во неговата претседателска трка во 2024 година“. пишува ABC News
Но Израел, и јастребите во американската власт даваат бомбастични изјави дека “ќе го прегазат Иран и ќе ја сменат власта...“ но, не знаат кога точно.
Во меѓувреме Израел се соочува со многу тешки последици од иранското бомбардирање. Очекуваа успеси како во скората, претходна војна од 12 дена, но сега Иранците употребуваат посилно оружје и покажуваат повеќе воља. Без помош од САД Израел би се соочил со сопствена катастрофа и промена не во Иран, туку на власта во Израел.
По претходната политика на „одмазднички удари“, Иран сега преминува кон тактика на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави оперативната команда на армијата Хатам Ал-Анби.
Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили што ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Тоа е штаб што ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и кризни ситуации.

„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел“, рече портпаролот на командата Ебрахим Золфагари.
„Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, додаде тој.
Војната веќе доведе до силен пораст на цените на нафтата. Во понеделникот, цените накратко се приближија до 120 долари за барел, највисоко ниво за речиси четири години, пред делумно да се намалат подоцна во текот на денот.

Техеран практично го запре товарниот сообраќај низ Ормускиот теснец, низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светската трговија со нафта. Ракетите погодија неколку бродови што минуваат низ Персискиот Залив и Ормускиот теснец, објави денеска Британскиот центар за поморски трговски операции (UKMTO).
Централната команда на САД (CENTCOM) вчера објави дека американските сили уништиле неколку ирански воени бродови, вклучувајќи 16 бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата