logo
logo
logo

ТРАМП СТАВИ ВЕТО на израелскиот план за АТЕНТАТ НА ВРХОВНИОТ ЛИДЕР НА ИРАН, ајатолахот Али Хамнеи

Vecer | 15.06.2025

ТРАМП СТАВИ ВЕТО на израелскиот план за АТЕНТАТ НА ВРХОВНИОТ ЛИДЕР НА ИРАН, ајатолахот Али Хамнеи

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца американски претставници.

Планот наводно бил предложен во последните денови.

„Дали Иранците убиле некој Американец? Не. Додека не го сторат тоа, дури и не зборуваме за гонење на политичкото раководство“, навел еден од изворите, висок функционер на американската администрација.

Функционерите, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекле дека високи американски претставници биле во постојана комуникација со израелските претставници во деновите откако Израел започна масовен напад врз Иран во обид да ја запре неговата нуклеарна програма.

Ројтерс не даде дополнителни детали за околностите околу предлогот.

Да се ​​потсетиме дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција во текот на ноќта на 13 јуни и нападнаа воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран.

Во нападите загинаа врвни воени команданти на Иран, како и неколку нуклеарни научници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk