logo
logo
logo

Нетанјаху ДИРЕКТНО МУ СЕ ОБРАТИ НА ИРАН (ВИДЕО)

Vecer | 13.06.2025

Нетанјаху ДИРЕКТНО МУ СЕ ОБРАТИ НА ИРАН (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва, обраќајќи се директно до иранскиот народ, повика цивилите да „станат и да го искажат својот глас“, наведувајќи дека Израел не се бори против нив, туку против иранската влада.

„Има уште повеќе што треба да се случи. Режимот не знае што го погодило, ниту што ќе го погоди. Никогаш не бил послаб“, рече Нетанјаху во видео порака, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој изјави дека денес Израел го уништил најважниот објект за збогатување ураниум во Иран и „голем дел“ од неговиот арсенал за балистички ракети, како и дека убил високи воени команданти и нуклеарни научници.

Иранските медиуми објавија дека стотици балистички ракети биле лансирани од Иран кон Израел, како почеток на одговорот на Техеран на интензивните израелски напади.

Израел започна напади врз Иран ноќта пред тоа и во раните утрински часови, наведувајќи дека нуклеарните објекти, фабриките за балистички ракети и воените команданти биле цел на почетокот на операцијата, чија цел, рече тој, била да се спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk