Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потпиша закони со кои се продолжува вонредната состојба и општата мобилизација за уште три месеци, објави веб-страницата на украинскиот парламент.
Врховната рада ги усвои овие закони на 28 април, објави Укринформ.
Украинскиот претседател денес ги врати во парламентот, потпишани, со кои се продолжува вонредната состојба и општата мобилизација до 2 август.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата