logo
logo
logo

58-годишен проукраински активист осомничен за обидот за атентат на Трамп

Vecer | 16.09.2024

58-годишен проукраински активист осомничен за обидот за атентат на Трамп

ФБИ го истражува случајот кога телохранителите на екс-претседателот отвориле оган врз вооружен маж кој се криел во грмушките во близина на теренот за голф.

-Поранешниот претседател Доналд Трамп е безбеден и неповреден во инцидент со цел на заштита кратко пред два часот попладне во неделата на Интернационалниот голф клуб на Трамп во Вест Палм Бич. Тајната служба на САД отвори оган на вооружен напаѓач лоциран во близина на имотот, и овој настан е под истрага,-изјави – Рафаел Барос – Канцеларија на Тајната служба во Мајами.

Полицијата соопшти дека автоматска пушка од типот АК-47 со телескопски нишан и камера се пронајдени во грмушките на местото на инцидентот, а и уапсеното лице со себе носело телескопски нишан. Oчевидец успеал да го фотографира автомобилот и регистарските таблички по што била организирана брза потера и бил уапсен во соседната област.

-За среќа можевме да лоцираме сведок кој дојде кај нас и ни рече – Еј го видов човекот како истрчува од грмушките, влезе во црн Нисан и го сликав возилото и таблицата, што беше одлично. Како што беше упатен кон областа Мартин сигнализиравме во кацеларијата на шерифот, тие го лоцираа возилото, го стопираа и го задржаа човекот,-изјави – Рик Бредшо – Шериф на округ Палм Бич.

Трамп се огласил по инцидентот преку соопштение, во кое како што наведуваат американските медиуми, пишува - Имаше истрели во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакам да го слушнете ова прво од мене: на безбедно место сум и добро сум. Подоцна на социјалните мрежи им се заблагодари на службите.

Според медиумите, осомничениот Весли Рут е сопственик на мала градежна компанија на Хаваи. Бил силен поддржувач на Украина и во 2022 отпатувал во Киев. Се споделува дел од негово интервју за Њусвик Романија од пред две години.

-Ова дефинитивно е зло против доброто. Се бориме во ситуација каде украинците и остатокот од светот се грижливи и добри, дарежливи, несебични, се грижат едни за други, и треба да се заложиме за тоа,-изјави – Рајан Весли Рут – Осомничен (интервју за Њусвик Романија 2022).

Околу случајот се огласија и актуелниот претседател Џо Бајден и против – кандидатката на Трамп, Камала Харис. Белата куќа соопшти дека Бајден ја пофалил Тајната служба, а Харис го осуди политичкото насилство. Ова е втор обид за атентат врз Трамп во два месеци. Беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk