logo
logo
logo

КРИЗА ЗА ГОРИВО - Речиси една петтина од пумпите во Франција остануваат празни

Vecer | 07.04.2026

КРИЗА ЗА ГОРИВО - Речиси една петтина од пумпите во Франција остануваат празни

Околу 18 отсто од бензинските пумпи во Франција утрово останаа без барем еден вид гориво, изјави портпаролката на владата и министерка за енергетика, Мод Брежон.

Според нејзините зборови, 83 отсто од погодените пумпи се на компанијата „TotalEnergies“, која во оваа ситуација ги ограничи цените на горивата на 1,99 евра за литар бензин и 2,09 евра за литар дизел.

Брежон најави дека францускиот премиер Себастијан Лекорну во наредните денови ќе претстави „нов пакет помош“ за гориво, но прецизираше дека помошта нема да биде универзална и дека нема да дојде до замрзнување на цените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk