logo
logo
logo

(Видео) ВОЗ УДРИ ВО КАМИОН СО ВОЕНА ОПРЕМА, железничкиот сообраќај во прекин

Vecer | 07.04.2026

(Видео) ВОЗ УДРИ ВО КАМИОН СО ВОЕНА ОПРЕМА, железничкиот сообраќај во прекин

Француски брз воз се судри утрово околу седум часот по локално време со камион на железнички премин меѓу Бетин и Ланс, во регионот Па де Кале на северот на Франција, објавија локалните медиуми.

Во тешката несреќа загина машиновозачот, две лица се наоѓаат во критична состојба, додека уште 11 патници се полесно повредени. Во возот во моментот на судрот имало вкупно 243 патници.

Според наводите на претставниците на префектурата, камионот кој учествувал во несреќата превезувал воена опрема. Неговиот возач, според медиумите, е приведен.

Францускиот министер за сообраќај, Филип Табаро, соопшти дека ќе отпатува на местото на несреќата. Со него е и генералниот директор на железницата, поранешниот француски премиер Жан Кастекс.

По судот, железничкиот сообраќај меѓу Бетин и Ланс е во прекин, а според првичните информации, прекинот ќе трае најмалку до вечерните часови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk