logo
logo
logo

БЕЗ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 16 ГОДИНИ: Нов Зеланд подготвува строги забрани

Vecer | 24.08.2026

БЕЗ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 16 ГОДИНИ: Нов Зеланд подготвува строги забрани

Новозеландската конзервативна коалициска влада денеска во парламентот ќе поднесе предлог-закон со кој на децата помлади од 16 години би им се забранило користењето социјални мрежи.

Платформите што нема да го почитуваат законот би можеле да бидат казнети до 10 проценти од нивниот глобален приход.

Предлог-законот би ги обврзал социјалните мрежи да преземат разумни чекори за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните методи се наведуваат користењето на постојните податоци од сметката, технологијата за препознавање лице и дигиталните идентификациски документи.

Премиерот: Не можеме да ја прифатиме штетата што им се нанесува на децата

Премиерот Кристофер Луксон изјави дека владата сака посилно да ги заштити децата од негативните последици од користењето на социјалните мрежи.

„Едноставно не можеме да ја прифатиме штетата што им се нанесува на децата“, рече Луксон.

„Социјалните мрежи ги изложуваат на штетна содржина, технологија што создава зависност и притисоци со кои не знаат да се справат, а тоа влијае врз нивниот семеен живот, менталното здравје, спиењето и образованието“, додаде тој.

Доколку законот биде усвоен, социјалните мрежи ќе мора да воведат поефикасни системи за проверка на возраста за да спречат пристап на корисници помлади од 16 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk