Враќањето на тројца кинески астронаути на Земјата беше одложено поради неповолни временски услови, објави денес АП.
Астронаутите Цаи Суже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе, кои требаше да слетаат денес во Донгфенг, северна Монголија, по шест месеци поминати во вселената, ќе мора да почекаат уште малку поради лошите временски услови.
Според официјалните информации на кинеската агенција Синхуа, одлуката за одложување е донесена со цел да се „гарантира здравјето и безбедноста на астронаутите“.
Тројцата астронаути беа лансирани во вселената во октомври минатата година, а неодамна пристигна нов екипаж кој ќе ги замени на кинеската вселенска станица „Киангонг“. За време на престојот на вселенската станица, астронаутите спроведоа експерименти на станицата.
Двајца астронаути, Цаи и Сонг, ја изведоа најдолгата вселенска прошетка во светот, која траеше девет часа, објави Кинеската вселенска агенција. Кина ја изгради својата вселенска станица откако беше исклучена од Меѓународната вселенска станица поради загриженоста на САД за контролата врз вселенската програма на Кина.
Кина планира да испрати човек на Месечината до 2030 година. Минатата година, двајца американски астронаути беа заглавени во вселената девет месеци откако тест лет во капсула на Боинг се соочи со проблеми, а НАСА одлучи дека враќањето на астронаутите во истиот модул би било премногу ризично.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата