Албанците во последните седум години се најбројната група меѓу странските државјани во британските затвори, а во моментов зад решетки во Англија се наоѓаат околу 940 лица. Голем дел од нив се осудени за кривични дела поврзани со продажба на кокаин и одгледување канабис, објавува „Сан“.
Британија и Албанија склучиле договор вреден 8 милиони фунти. Планот предвидувал 200 албански затвореници да бидат префрлени во Албанија и таму да ги доиздржат казните.
Реализацијата, сепак, значително заостанала. Последните 3 години биле префрлени само 13 затвореници.
Причината се поврзува со доцнењата во албанските судови. Тие треба да ги признаат пресудите на британските судови за затворениците што влегуваат во постапката за трансфер.
Британските власти имаат и финансиски мотив за забрзување на процесот. Еден затвореник ја чини Британија околу 56.000 фунти годишно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата