logo
logo
logo

Американската курирска служба УПС планира да укине 20.000 работни места

Vecer | 29.04.2025

Американската курирска служба УПС планира да укине 20.000 работни места

Компанијата United Parcel Service (УПС) годинава планира да укине околу 20.000 работни места и да затвори 73 објекти, откако во јануари значително го намали обемот на работа со својот најголем клиент Амазон, кој учествуваше со 12 отсто од приходите на УПС, јави денеска „Волстрит журнал“.

Компанијата е доставувач на пратки со најголеми приходи во светот и вработува околу 490.000 луѓе. Таа лани затвори 11 објекти и отпушти 12.000 работници. Новиот бран отпуштања и затворања е дел од стратегијата за преструктуирање на ланецот и намалување на трошоците во услови на економска неизвесност, соопшти директорката Керол Томе.

УПС годинава очекува трошоците да изнасуваат од 400 до 600 милиони долари. И покрај тоа што резултатите за првиот квартал беа подобри од очекуваното – со профит од 1,19 милијарди долари и приходи од 21,5 милијарди – компанијата, како и многу други ентитети во САД, не дава прогнози за целата година, и очекува разврска на новата царинска политиката на администрацијата во Вашингтон. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk