logo
logo
logo

Авион принудно слета, откако патничка ја нападна стјуардесата, ќе оди во затвор

Vecer | 11.12.2024

Авион принудно слета, откако патничка ја нападна стјуардесата, ќе оди во затвор

По наредба на капетанот, авионот присилно слетал на меѓународниот аеродром Тулуз-Блањак, за да може да интервенира полицијата.

Наводно, 25-годишна патничка клоцала една од стјуардесите и ја влечела за коса, па пилотот ги известил властите за проблемот и ја сменил рутата на летот.

По принудното слетување три патроли влегле во авионот и ја привеле патничката. Покрената е истрага за наводното нарушување на воздушниот сообраќај, пренесува Le Figaro.

Според сегашниот закон, младата жена се соочува со казна затвор од пет години и парична казна од 18.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk