logo
logo
logo

Австријците шокирани: Група од 17 тинејџери со месеци силувале 12 годишно девојче

Vecer | 01.03.2024

Австријците шокирани: Група од 17 тинејџери со месеци силувале 12 годишно девојче

Австриските медиуми објавија дека вчера биле уапсени 17 осомничени, пренесува Билд.

Злосторствата започнале во 2023 година. Девојчето наводно било принудена од нејзиното момче на сексуални односи со групата и ја уценувале со видеа на мобилниот телефон снимени за време на малтретирањето.

Се наведува дека сторителите се главно од турско и бугарско миграциско потекло, пренесува информативниот портал ОЕ24.

Некои од обвинетите имале само 13 години. Во некои случаи, објавено е дека до осум деца и млади луѓе биле вклучени во групните силувања на скалите и во гаражата на главната станица во Виена.

И покрај заканата дека ќе ги објават снимките, девојчето ѝ открило сѐ на мајка си.

Осомничените, на кои им се заканува затворска казна до пет години, сега се ослободени.

Некои од нив тврделе во полиција дека девојчето рекло дека има 14 години.

Во Австрија законот дозволува врски по 14 години, но само под услов сите инволвирани страни да се согласат, пишуваат тамошните медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk