Во интервју за весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“ објавено денеска, Бајден рече дека би звучело „претенциозно“ да се каже такво нешто, но смета дека би можел да извојува победа против Трамп, а засновано на резултатите од анкетите. Пред неговата одлука да се повлече, анкетите покажуваа дека тој заостанува зад Трамп.
Запрашан дали има енергија да служи уште четири години како претседател, Бајден, кој е на возраст од 82 години, рече: „Не знам“ и додаде „не планирав да бидам претседател кога ќе наполнам 85 или 86 години“.
-И затоа зборував за предавање на штафетата, рече тој. „Но, не знам. Кој, по ѓаволите, знае? Засега, сè е добро. Но, кој знае како ќе бидам кога ќе наполнам 86 години?“ /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата