Бајден во изјавата од Стејт департментот рече дека преговарачите се блиску до постигнување договор со кој ќе се ослободат заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа и ќе ги запре борбите во палестинската енклава, што ќе овозможи голема испорака на хуманитарна помош, објави британски Телеграф.
„Толку многу невини луѓе се убиени, толку многу заедници се уништени. Палестинскиот народ заслужува мир“, рече тој.
Бајден рече дека му помогнал на Израел да ги победи противниците како Хамас во Газа и Хезболах во Либан, кои се поддржани од Иран.
Американскиот претседател ја поздрави поддршката на Вашингтон за Израел за време на двата ирански напади во 2024 година.
„Генерално, Иран е послаб отколку што беше со децении. Нема сомнеж дека нашите акции значително придонесоа“, додаде Бајден, кој исто така го истакна падот на сириската влада на Башар ал Асад откако бунтовниците ја презедоа контролата врз земјата на почетокот на декември минатата година.
🔴 Israel and Hamas are “on the brink” of signing a ceasefire deal that would release hostages and “surge” aid into Gaza, Joe Biden has said.
— The Telegraph (@Telegraph) January 13, 2025
Read more here ⬇️https://t.co/B1pGfKje5M pic.twitter.com/Effpa20rHd
Бајден се соочи со критики за обезбедување оружје и дипломатска поддршка на Израел за време на офанзивата во Газа, откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе и зеде повеќе од 250 заложници, според израелските податоци.
Оттогаш, повеќе од 46.000 луѓе се убиени во Газа, според палестинските здравствени власти, додека голем дел од енклавата е уништен, а поголемиот дел од нејзиното население е раселено.
Демонстрантите денеска го пречекаа Бајден пред Стејт департментот со скандирања „воен злосторник“, а некои фрлаа црвена течност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата