logo
logo
logo

Бајден: Се надевам на прекин на огнот во Газа до Рамазан

Vecer | 02.03.2024

Бајден: Се надевам на прекин на огнот во Газа до Рамазан

На прашањето дали очекува договор дотогаш, Бајден рече: „Се надевам дека е така. Сè уште многу работиме на тоа“, објави Би-Би-Си.

„Сè уште не сме го постигнале тоа“, им рече тој на новинарите додека ја напушташе Белата куќа. Изјавата на Бајден доаѓа во време на затегнати разговори за прекин на огнот и кога се зголемува притисокот врз него да помогне во смирувањето на конфликтот. Предложениот договор предвидува 40-дневна пауза во сите воени операции од почетокот на Рамазан, како и зголемен проток на помош за Газа, изјави за новинската агенција Ројтерс извор близок до преговорите.

Тој, исто така, наводно ќе вклучува договор десет спрема еден за ослободување на палестинските затвореници во замена за израелски заложници. Муслиманскиот свет месец, во кој верниците постат од утро до зајдисонце, ќе започне на 10 или 11 март. Точниот почеток на Рамазан се одредува со првото гледање на полумесечината, така што може да варира од место до место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk