logo
logo
logo

Бербок во јуни ќе биде избрана за претседателка на ГС на ОН, ќе почне да претседава од септемвр

Vecer | 10.04.2025

Бербок во јуни ќе биде избрана за претседателка на ГС на ОН, ќе почне да претседава од септемвр

Шефицата на германската дипломатија во заминување, Аналена Бербок, ќе биде претседателка на Генералното собрание на Обединетите нации, бидејќи нејзиното назначување, според внатрешните договори во рамките на ОН, се смета за формалност, пренесува ДПА.

Бербок треба да биде избрана во ОН во јуни, а нејзиниот едногодишен мандат ќе започне во септември.

Првично за оваа функција беше предвидена една од највисоките германски дипломатки, Хелга Шмид, поради што промената на одлуката предизвика критики.

Поранешниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, на пример, ја нарече кандидатурата на Бербок „дрскост“.

-Најдобрата и меѓународно најискусна германска дипломатка е заменета со модел на кого му истекува рокот, рече Хојсген.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk