logo
logo
logo

Британските фармери протестираат пред парламентот против данокот на наследство

Vecer | 11.12.2024

Британските фармери протестираат пред парламентот против данокот на наследство

Британските фармери излегоа со своите трактори пред зградата на Парламентот во центарот на Лондон, протестирајќи против контроверзниот данок на наследство од 20 отсто на фармите вредни повеќе од еден милион фунти, неодамна објавен од лабуристичката влада.

„Не ја гризете раката што ве храни“, можеше да се прочита на некои од транспарентите на демонстрантите.

Многу од тракторите што ги користеа фармерите за да стигнат до Вестминстерската палата беа прекриени со британски знамиња.

-Данокот на наследство е последната капка, изјави 44-годишниот Вилијам Пикеринг, сопственик на фарма за претежно млечни производи во Танбриџ, Кент, среде гласната музика и свирежи.

„Чекаме владата да сфати дека направила голема грешка и да ја отстрани“, додаде тој и посочи дека е подготвен да протестира се додека е потребно.

На 19 ноември, речиси 10.000 луѓе се собраа на протести против овој владин проект. Досега, британските фарми можеа да имаат корист од ослободувањата од данокот на наследство на стоки и имот, мерки што требаше да го олеснат преземањето на фармите.

Но, на 30 октомври, владата, презентирајќи го буџетот, објави дека од април 2026 година, споменатото ослободување повеќе нема да важи за фармите чија вредност надминува еден милион фунти (околу 1,20 милиони евра). Сега и тие ќе се оданочуваат со 20 отсто, половина од вообичаената стапка на данок на наследство.

Иако Министерството за финансии ги бранеше промените, тврдејќи дека тие ќе влијаат само на најбогатите фарми, кои се околу 500, според владините проценки, земјоделците и индустриските лидери ја оспоруваат бројката. Одделот за животна средина, храна и рурални прашања (Дефра) известува дека 66 отсто од фармите се проценети на повеќе од еден милион фунти.

Земјоделците тврдат дека овие бројки покажуваат дека владата го потценила бројот на погодените фарми.

Британските земјоделци, кои се исклучени од Заедничката европска земјоделска политика (ЗЗП) по Брегзит, имаат проблем со недостаток на работна сила и финансиски средства. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk