logo
logo
logo

Бројот на жртви во трагедијата во дискотека во Доминиканска република надмина 180

Vecer | 10.04.2025

Бројот на жртви во трагедијата во дискотека во Доминиканска република надмина 180

 Спасувачите во текот на ноќта извлекоа уште 60-ина безживотни тела, откако втор ден, помогнати од кучиња-трагачи и пожарникари од Порторико и Израел, пребаруваа низ купиштата тули, челични шипки и лимови.

 Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер прогласи тридневна жалост по трагедијата.

 Меѓу жртвите има истакнати јавни личности, меѓу кои и пејачот Руби Перез, саксофонистот Луис Солис, како и неколку владини претставници и странски државјани. Загина и гувернерката на провинцијата Монте Кристо.

Причината за уривањето на покривот сè уште не е позната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk