Посетата на шефот на американската ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва е исклучиво поврзана со директни контакти меѓу специјалните служби на двете земји, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за „Вашингтон пост“.
Песков категорично ги демантираше пишувањата на дел од медиумите дека Ретклиф имал средба со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека разговорите се воделе само на ниво на разузнавачките агенции.
Инаку, доаѓањето на првиот човек на ЦИА предизвика големо внимание откако моќниот американски воено-транспортен авион „Боинг C-17A Глоубмастер III“ во понеделникот неочекувано слета на московскиот аеродром „Внуково“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата