logo
logo
logo

Данската премиерка: Направив резерви со конзервирана храна поради страв од напад

Vecer | 27.12.2024

Данската премиерка: Направив резерви со конзервирана храна поради страв од напад

„Ги следам препораките на властите и верувам дека Данците треба да го сторат истото... Исклучително е важно да се држиме заедно“, изјави Фредериксен за dr.dk.

Според неа, потребно е да се складира не затоа што се очекува напад врз Данска, туку наводно поради ризик од сајбер или хибриден напад.

Фредериксен нагласи дека поголема одговорност за безбедноста на Данска мора да се преземе во текот на 2025 година.

Оваа година, данската агенција за управување со вонредни состојби ги советуваше Данците како да се подготват за кризни ситуации и препорача секој жител на Данска да се снабди со три литри вода дневно, храна за три дена, комплет за прва помош со лекови, лични хигиенски производи и топла облека, пренослив полнач, фенерче, готовина, свеќи, кибритчиња и радио приемник.

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека Русија нема да ги нападне земјите на НАТО. Путин истакна дека западните политичари редовно го заплашуваат своето население со наводната руска закана за да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk