Откако сенаторот од Флорида Марко Рубио и официјално беше номиниран за државен секретар на САД, Трамп го соопшти назначувањето и за серија други позиции. Поранешниот новинар и воен ветеран Пит Хегсет e назначен да биде Секретар за одбрана, екс разузнавачот Џон Ратклиф ќе раководи со ЦИА, а најголемо внимание предизвика предлогот конгресменот Мет Гец да раководи со секторот правда. Гец кој е познат како тврдокорен поддржувач на Трамп, минатата година беше дел од неколку истраги токму од министерството кое сега треба да го раководи.
-Да бидеме многу јасни во врска со ова, тој (Гец) е под истрага од комитетот за етички прашања сега, тој беше под кривична истрага од Министеството за правда, соопштија на почетокот на годината дека одлучиле да не го обвинат во тој случај, но има обвинители кои работат во моментов во Министерството за правда кои знаат многу факти за таа истрага што јавноста не ги знае, станува збор за случај со трговија со луѓе,- - Кен Диланиан – Политички аналитичар.
Поранешната конгресменка од демократите, а сега републиканка, Тулси Габард пак, е номинирана за директорката на националната разузнавачка служба. Габард која е позната своите ставови против поддршката за Украина во војната против Украина и критиките кон НАТО, дел од аналитичарите во САД ја оценија како проблематичен избор за новата администрација.
-Мислам дека сите сме желни да почнеме со работа. Има многу што треба да се направи, состаноците се веќе почнати. Претседателот Трамп го предводи сето тоа, осигурувајќи дека кога повторно ќе ја положи заклетвата на 20 јануари ќе почнеме со работа,- - Тулси Габард – Номинирана за директорка на Национална разузнавачка служба.
-Тулси Габард никогаш не работела во разузнавачките служби. Нема никаква реална позадина за оваа работа. И таа беше поттикнувач на многу начин за Путин, Асад, Ердоган, луѓе кои не се воопшто пријателски насочени кон САД. Ова е прилично лошо. Ова се сериозни работи и потребни ни се сериозни луѓе на тие позиции,- - Џејми Метзл – Поранешен советник за национална безбедност.
Кабинетот на Трамп, заедно со него ќе стапат на функција на 20 јануари, кога тој и официјално повторно ќе положи заклетва на функцијата. Неговиот некогашен ривал Бајден пак, на првата средба во Белата Куќа повтори дека очекува мирна транзиција.
-Доналд, честитки и се надевам на, како што кажавме, мазна транзиција. Ќе направиме се што можеме да се осигураме да бидеш задоволен со се што ти треба,- Џо Бајден – Претседател на САД.
-Ви благодарам многу, полииката е тешка и во многу случаи тоа не е многу убав свет, но денеска е убав свет и го ценам тоа многу, транзиција која ќе биде мазна колку што може и ти благодарам Џо,- - Доналд Трамп – Избран претседател на САД.
Во меѓувреме, по мнозинството во Сенатот, републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата и врз Претставничкиот дом, со што Трамп ќе има одврзани раце за спроведување на неговите политики уште на почетокот на мандатот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата