logo
logo
logo

Драма на аеродромот во Рим: Грузиец влегол во контролната кула и намерно предизвикал пожар

Vecer | 05.02.2025

Драма на аеродромот во Рим: Грузиец влегол во контролната кула и намерно предизвикал пожар

Вработените во оперативната сала на вториот аеродром во Рим биле принудени да се евакуираат поради чад.

Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин е уапсен поради подметнување пожар. Тој пред неколку дена пристигнал во Италија и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, во овој инцидент немало повредени.

Сите дојдовни летови се префрлени на аеродромот Леонардо да Винчи, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.

Пожарникарите пријавиле дека интервенирале околу 7 часот и 20 минути, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар „во електрична опрема, кој избувнал во внатрешноста на канцелариите лоцирани под контролната кула“.

Превентивно спасувачите ја евакуирале целата зграда поради густ чад. Нема повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk